Стратешко планирање. Кога основата е цврста, целата конструкција е стабилна. Ние веруваме дека прецизното стратешко планирање е основа на секоја успешна комуникациска платформа. За да ја изградиме таа цврста основа за нашите клиенти ние во нашите истражувања и планирања ги користиме сите достапни податоци.
Креативен развој на кампања . Понекогаш за создавање на добра приказна има потреба од надворешен тим, без разлика дали работите со ограничени ресурси или се соочувате со креативна блокада. Тука, настапуваме ние.
Медиумско планирање. Мудриот избор ви дава многу нови идеи. Не е сè во бројките, тука имаат улога креативноста и вистинскиот избор. Знаејќи ги деловното работење на клиентот и неговите потреби, нашите планери ги изработуваат најефикасните медиумски планови со што ја зголемуваат видливоста на Клиентот.
Купување на рекламен простор и време во медиумите. Најскапите работи не се секогаш и најдобри. Ние ги нудиме најдобрите цени во медиумите и го одржуваме квалитетот на највисоко ниво.
Дигитални комуникации. Само уште еден од оние нови фeнси зборови или навистина ви е потребна агенција? Создаваме совршени дигитални патувања и моќни маркетинг приказни следејки ги трендовите. Со нашето искуство градиме трајни врски помеѓу брендовите и луѓето.
Настани и промоции. Бидете гостин на сопствениот настан! Ние ќе ја реализираме секоја ваша идеја со најголема одговорност и посветеност до најситни детали, независно дали е годишнина, корпоративен настан, тим билдинг или промоција. За кој било настан ќе биде ангажиран најдобриот персонал за претставување на вашите кампања и бренд.